2024-12-22

1 thought on “Проф. Гоцев: Българският политически елит да отвори портите за интелигенцията от Македония

  1. Гоцев – Бугарија и Македонија се две држави со еден народ со еден јазик, една историја

    http://www.inpress.com.mk/default-mk.asp?ItemID=5F02F8FD92DE084F82961F698B9251F5&arc=1

    Бугарија не можеше да не ја признае Република Македонија. Ние бевме расположени за признавање и тоа се случи природно. Односите сега треба да се градат сликовито кажано како се градат односи меѓу две сродни држави.

    – Како што се градат односите меѓу Грција и Кипар – тоа се две држави со еден народ со еден јазик, една историја, изјави бугарскиот историчар проф. Димитар Гоцев во интервју за бугарската агенција Бгнес.

    Точно пред 20 години, на 15-ти јануари 1992. година, Бугарија прва ја призна независноста на Република Македонија. Според Гоцев признавањето на Република Македонија од Бугарија има двојно значење.

    – Од една страна, цела Бугарија сметаше дека тогашна „Вардарска Македонија“ е територија, која треба да стане втора бугарска држава и Бугарија треба да ја признае. Од друга страна, населението на Вардраска Македонија испраќаше делегации тука кои молеа Бугарија да ја признае Македонија како независна држава, бидејќи на тој начин ќе ја спаси од евентуалната војна, како што се случи во другите републики. Од оваа гледна точка двата услови се историски, политички и морално оправдани и Бугарија ја заврши својата работа.

    Непризнавањето на Македонија од страна на Бугарија, според проф. Гоцев едноставно било невозможно, бидејќи Бугарите се стремеле кон идејата „да им помогнат на браќата од Вардарска Македонија да се извлечат од туѓото ропство и да се обликуваат во каква и да е политичка единица, во случајот независна Македонија“.

    – Но, ние не можевме да дозволиме да не ја признаеме. Тоа не можеше да се случи. Ние бевме расположени за признавањето на Република Македонија и тоа дојде природно, вели Гоцев, според кого во минатото се пропуштени многу можности за подобрување на односите меѓу двете земји.

    – Политичката елита од „Вардарска Македонија“, која излезе од Југославија и нашата елита, кој излезе од друга орбита, не беа подготвени национално да осмислат некои работи и затоа се дозволија низа слабости и од двете страни. Но, ние имаме целосна морална одговорност кон она што се случува. За жал нашите противници многу брзо се ориентираат дека ние, и двете страни, не бевме подготвени за одлучна акција да ги тргнеме границите. И на крајот дури успеаја да не спротивстават еден против друг. Тоа е најголемиот пропуст, кој во денешно време се влошува и не можеме да го поправиме.

    Сепак, според Гоцев, тоа е минато, а во иднина односите меѓу Македонија и Бугарија треба да се градат сликовито кажано како се градат односи меѓу две сродни држави.

    – Како што се градат односите меѓу Грција и Кипар – тоа се две држави со еден народ со еден јазик, една историја. Ние заедно со Република Македонија, ако сме заедно, ако нашите политички, нашите научни елити се на место и ја разбираат историската неопходност, дека нашата иднина е незамислива еден без друг, ќе одиме во сосема друга орбита и нашиот и нивниот статус ќе биде многу добар, отколку што е во овој момент. Во овој момент Бугарија е изолирана, ја нема, не се интересира што се случува таму, не оддржува врски со тамошната интелигенција, а тамошната политичка врхушка е притисната од странски сили, и не може да оддржува какви и да е врски со Бугарија – културни, политички, економски, морални, човечки, вели Гоцев според кого соседите на Македонија постепено ќе ја намалат до тој степен што еден ден ќе ја обезличат и таа ќе ја изгуби и територијата и народот, и перспективата, а тоа тие не го сакале, вели бугарскиот историчар проф. Димитар Гоцев во интервју за бугарската агенција Бгнес.

Вашият коментар

Вашият имейл адрес няма да бъде публикуван. Задължителните полета са отбелязани с *